СДСМ Битола: Талески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички потрошија повеќе од 200 милиона евра

Од:

„Владимир Талески со неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ, не само што го испразни Буџетот на општина Битола, туку дополнително `не задолжува нас граѓаните.

На следната седница на Советот на општина Битола, Талески и ВМРО-ДПМНЕ, според најавите, планираат да `не задолжат со нов кредит од 2.5 милиони евра!

Талески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички, ненаменски и недомаќински досега потрошија повеќе од 200 милиона евра, пари на граѓаните на општина Битола“, рече на денешната прес коференција, советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Зоран Стојчевски.

„Кога ја бараа довербата на граѓаните на Битола, ВМРО-ДПМНЕ и Талески не им кажаа на битолчани дека ќе `не задолжуваат со пари што треба да ги враќаат и идните генерации.

Ние граѓаните на Битола, во наредните петнаесетина години ќе бидеме задолжени поради кредитот од 2.5 милиони евра, пари земени како  подзаем од Министерството на финансии на РМ, за проект за подобрување општински услуги, средства финансирани од Светска банка.

СДСМ прашува каде и за што се потрошени парите коишто ги уплатиле инвеститорите во АРМ за инфраструктурно уредување на просторот за чија намена се зема и кредитот од 2.5 милиони евра“, изјави Стојчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!