СДСМ Битола: Отчетот ќе беше реален, доколку ги прикажеше штетите кои Битола ги претрпе во отчетниот период

Од:

„Неколку изминати денови, битолската јавност е преукопирана со отчетот на локалната власт, предводена од градоначалникот Владимир Талевски. Луксузно печатено издание, уште поскапа хартија и дизајн, кој остава впечаток дека отчетот се однесува за некоја светска метропола, а не за осиромашената, деградираната и крајно депримираната Битола.

– Отчетот за Битола, за периодот 2005- 2012 година, несразмарно и несоодветно ја отсликува работата на локалната самоуправа, особено на Советот на општина Битола и неговите одлуки. За сметка на неадекватно вреднување на улогата на Советот, нереално се величат работата и „достигнувањата“ на градоначалникот.

– Отчетот во огромен процент ја отсликува простата репродукција на комуналната инфраструктура, или поразбирливо за граѓаните, замена на дотраени водоводни и канализациони цевки и други инсталации, поправка на тротоари, замена со нов асфалтен слој на дел од улиците во градот, замена на прегорени улични светилки и многу други секојдневни потреби.

– Овде мора да признаеме дека како новитет е вградувањето на бекатон плочки по тротоарите на битолските ,,булевари,,!!! Тоа е генералната содржина на Отчетот“, изјави координаторот на Советничката група на СДСМ Битола, Томе Наумов.

Повеќе во видеото.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!