СДСМ Битола: Битолските училишта „до гуша“ во долгови

Од:

„И основното образование во општина Битола има огромни финансиски долгови. За жал, натрупаните долгови негативно се одразуваат врз учениците и професорите, кои ги немаат потребните финансиски средства за непречено и квалитетно одвивање на наставата“, рече на прес конференција Оливер Николоски, советник во општина Битола.

СДСМ и денес продолжува со обелоденување на финансискиот колапс во битолското образование, ставајќи акцент на основните училишта.

Се поставува прашањето дали и зошто основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Ѓорги Сугарев“ должат:

  • За греење: 6 милиони и 900 илјади денари;
  • За вода: 1 милион и 200 илјади денари;
  • За Струја и телефон: 63 илјади денари; и за
  • Нискоградба: 154 илјади денари;

Ако со молчењето, Талески и ДПМНЕ даваат потврда дека ова е точно, тогаш само овие 4 основни училишта имаат вкупен долг од 8 милиони и 317 илјади денари или 136 илјади евра.

Но и покрај ингорантскиот однос на власта кон ова суштинско прашање, ние упорно продолжуваме да прашуваме:

  • Каде и за што во овие 8 години Талески потроши 200 милиони евра од буџетот?
  • Зошто дозволи училиштата да тонат во долгови?
  • И како и кога мисли истите да ги врати?

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!