СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Од:

Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, вели портпаролката на СДСМ Богранка Кузеска.

– Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање, но од нашата влада нема ниедна точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со реномираниот медиум „Тајмс“ и вчера дал само штур одговор за македонската национална телевизија. Според информациите од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти. Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори: Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти? Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува? Зошто Мицкоски, кој единствено нешто што прави е ПР, одбил важно интервју за „Тајмс“? Ова го потврди самиот медиум. Зошто, ако нема што да крие, тој избегал? Дали се чека да поминат изборите па да се соопшти оваа вест, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија