СДСМ бара лидерска за СЈО и изборен законик, ВМРО-ДПМНЕ бара избори

Од:

Предвремени избори или нови закони за СЈО, попис и промена на изборниот модел – што од ова ќе биде приоритет за лидерите на најголемите политички партии од власта и опозицијата да седнат на заедничка маса? Од СДСМ велат дека се подготвени да одржат средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на која ќе разговараат на повеќе теми за конечно за да се откочат заглавените преговори меѓу работните групи за СЈО , за измените на Изборниот законик , како и за претстојниот попис.

„Ние не бегаме од разговор за прашања што се од интерес на државата и граѓаните . Уште нема конкретен договор за евентуална средба и за темите , но го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите кои се од интерес на државата. Треба да помогнат да се донесат системски закони како на пример законот за јавно обвинителство кој е од интерес за евроинтеграциите“, изјави Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, се со став дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата. Инсистираат на предвремени парламентарни избори.

„Потребна е политичка зрелост кај Заев и власта да се седне и разговара за што поскоро органзирање предвремени избори бидејќи изворот на сите проблеми е на Илинденска бр. 2 . И тие како извор на проблемите не може да бидат дел од решението“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Премиерот Заев уште пред еден месец најави дека ќе го покани Мицкоски на лидерска средба за да разговараат за трите теми поврзани со донесувањето на законот за јавното обвинителство, промената на Изборниот законик со кој би се вовело гласање во една изборна единица и отворени листи, како што се залага СДСМ и повеќето помали партии, како и за законот за попис кој би се спровел следната година. Мицкоски, пак рече дека во услови на политички прогон, конструирани обвиненија и нарачани пресуди, освен за законот за обвинителство, на маса треба да се најде и темата за одржување предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска