СДСМ: Арсовска призна дека нема пари за автобуси, нова причина да се истражат диловите на Мицкоски

Од:

„Данела Арсовска преку соопштение од Град Скопје денеска призна дека во буџетот нема пари за набавка на нови автобуси“, реагира СДСМ на соопштението на Град Скопје.

„Ако во градската каса нема пари за нови автобуси, тогаш што договара асистентот за јавни набавки, Христијан Мицкоски?

Дали тоа Мицкоски планира да го направи како што го направија Миле Јанакиески и Игор Јанушев за набавката на кинеските автобуси. Тогаш, Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска.

Надлежните институции мора да постапат и да спречат нова коруптивна зделка на штета на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!