СДСМ: Амнестија нема да има

Од:

Наместо да каже дали е за ЕУ и НАТО раководството на ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на амнестијата за Груевски, амнестија нема да има, велат од СДСМ како реакција на  реакција на прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

„Нелогичните барања како она за избор на нов Јавен обвинител, како и поднесувањето неосновани кривични пријави, се уште еден јалов обид на Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ да побараат амнестија за Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ не знае да функционира во фер, слободни и демкратски услови и затоа постојано измислува непостоечки случаи дури и кога се знае дека првиот човек на ДИК е на предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ“, веалт од СДСМ.

Како ВМРО-ДПМНЕ на криминален начин спроведуваше избори и ја газеше волјата на граѓаните, додаваат од таму, покажуваат судските рочишта на кои јавноста може да чуе како претходното раководство се заканува, уценува и малтретира граѓани само затоа што не гласале за оваа партија.

„Амнестија нема да има. Затоа, наместо да измислува непостоечки случаи Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат последниот чекор во Собранието за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и да ја следат војата на граѓаните. Во спротивно Мицкоски ќе потврди дека е против ЕУ и НАТО, за изолација, неизвесност и неказнивост“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?