СДСМ: Ако „Вечер“ не лаже, зошто Зврлевски не покренува кривична постапка за овој скандал?

Од:

СДСМ бара од Јавното обвинителство веднаш да се изјасни дали е точно тврдењето на провладиниот весник Вечер дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на тет а тет средбата со премиерот Никола Груевски бил сниман во законска процедура.

„Ако е тоа точно, тоа значи дека претседателот Заев бил под посебни истражни мерки, кога бил сниман во кабинетот на премиерот Груевски.

Ако е така, тоа значи дека извор на незаконски извадените снимки во јавноста се Никола Груевски, Јавното обвинителство или Груевски и обвинителството заедно“, стои во соопштението на СДСМ.

Тоа, велат, е потврда за сторено кривично дело и во тој случај Јавното обвинителство на Република Макеоднија треба да каже зошто не покренува кривична постапка за овој скандал.

„Ако тврдењето на весникот Вечер не е точно, тогаш обвинителот Марко Зврлевски, по допрен глас од јавноста, по службена должност, треба да каже дека провладиниот весник лаже. Зврлевски и Јавното обвинителство имаат обврска да не се кријат и да се изјаснат за веста на весникот под контрола на Груевски, Вечер, што денеска ја пренесуваат и други медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он