А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ако има вистина во тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, нека постапат институциите!

by А1он21/10/2012 - 16:0624/11/2016 - 20:02162
Share0

Владејачката партија продолжува со истиот стил и понатаму се служи со лаги и манипулации и по секоја цена се обидува лично да ги дискредитира претставниците на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сакаме да ги потсетиме Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека веќе седма година се на власт и ако имаше минимум вистина во нивните јалови обвинувања, одамна ќе имаше некаква постапка на државните институции, реагираа од СДСМ на денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во која се вели дека Јани Макрадули сака да ја амнестира од одговорност својата кумашинка Радмила Шеќеринска.

„Напротив, тие и самите знаат дека се служат со лаги и затоа ги користат само за вребални препукувања. За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ фактите се непобитни. Нивната Влада намерно не инвестираше во ниту еден капитален енергетски објект, за да може фамилијата да направи криминален увоз на скапа струја од речиси една милијарда евра.

– Бидејќи веќе со месеци јавноста е сведок како ВМРО-ДПМНЕ се обидува да подметне „кукавичко јајце“ дека наводно заради продажбата на ЕСМ денес поскапувала струјата, ние денеска му поставуваме две прашања:- Зошто Груевски се расфрлаше со 225 милиони евра кои ги начека во буџетската каса од продажбата на ЕСМ кога дојде на власт во 2006 година?

Следете a1on на Youtube YouTube

– И по истата нивна логика, дали заради потписот на Груевски на најкриминалната приватизација на рафинеријата „Окта“, денес поскапуваат нафтените деривати?

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да избегаат од сопствената одговорност дека заради нивните погрешни и криминални политики граѓаните денеска мораат да плаќаат многу поскапа струја од времето на владеењето на СДСМ. Впрочем, ако не ни веруваат нам, нека го прочитаат, според нив, „најпозитивниот“ извештај на ЕК за Македонија, во којшто има серија критики токму во делот на енергетиката“ – се вели во писменото соопштение од СДСМ.

 

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:43

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

Горан Наумовски01/09/2026 - 13:14

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:3531/08/2026 - 11:35

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски31/08/2026 - 11:0731/08/2026 - 11:29

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски31/08/2026 - 09:5631/08/2026 - 10:31

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Предраг Петровиќ30/08/2026 - 12:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео