Савески: Да се повлече обвинението против Богоевски, а не против нас, посочува на двојни аршини

Од:

Откако Обвинителството се откажа од кривичниот прогон на сегашниот пратеник, тогашен учесник во шарената револуција, Павле Богоевски, неговиот соборец Мариглен Демири од Левицата вели дека очекува сличен третман од таму.

„Правилен и праведен потег на Обвинителството. Моето рочиште е закажано за 25 јануари оваа година. Исто така, закажано е рочиштето и за Здравко Савески. Очекувам сличен третман од Обвинителството“, пишува Демири на социјалните мрежи.

Сличен став има и Здравко Савески, кој вели дека немало основа за гонење, но во контекст на тоа додава дека кривичната против членовите на Левицата сè уште трае.

„Да се повлече обвинението против Павле Богоевски, а да не се повлече против нас, тоа посочува на двојни аршини. За тој што е во власта – еден аршин, а за тој што критикува – друг аршин. Ќе дочекам пресуда за помалку од 10 години или во мојот случај на тој начин ме казнуваат за критиките кон претходната и кон сегашната власт – со влечкање по судови што е можно подолго?“, пишува Савески на социјалните мрежи.

Судскиот процес за учесниците во шарената револуција трае веќе две години.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски