Сасоли: Имаме заедничка судбина, Северна Македонија е подготвена за преговори

Од:

Иднината е во нашите и во вашите раце. Да не ја губиме надежта бидејќи Европската унија има потреба да работи заедно со Северна Македонија да се направи се за таа да биде членка и да учествува во изградбата на нова Европа, порача денеска во Скопје претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Тој при денешната посета на Скопје рече дека Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија сметаат дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека ќе успеат да ги надминат сомневањата на малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање.

– Ние сме убедени дека Северна Македонија е подготвена да ги започне претстапните преговори за членство. За да го направи тоа, Северна Македонија направи многу жртви, многу реформи и промени во Уставот, дури го смени и името за да се дојде до дијалог со другите држави. Од страна на малку држави имаше резерви и ние сме убедени дека ќе успееме да ги надминеме нивните сомневања, истакна Сасоли пред средношколците кои учествуваа на дебатата „Визијата на младите за ЕУ“.

Според него, фактот што „само три држави искажале резерва“ кон процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската унија е показател дека постои голема волја кај владите и институциите да и се дозволи на државата да ги започне преговорите.

Следните месеци, рече Сасоли, треба да се искористат на начин за да биде конкретизирана надежта која ја имаме, за да влезете во Европската унија.

– Имаме заедничка судбина и не е доволно една мала блокада за да се запре вниманието што го имаме кон вас, а тоа е Северна Македонија да стане дел од Европската унија. Се работи за разочарување, но треба да имаме голема доверба и надеж, порача Сасоли, додавајќи дека процесот на пристапни преговори треба да започне многу брзо, до следната година.

Пред дебатата со средношколците, во просториите на Делегацијата на Европската унија во Скопје, симболично со палење на светлата и врачување на клуч беше отворена Европската куќа.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар притоа истакна дека најдобар начин да се отвори Европската куќа е со младите луѓе, кои размислуваат локално, но и глобално.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески