Сасоли: ЕУ бара начини како да ги вклучи земјите од Западен Балкан во своите механизми за борба против КОВИД-19

Од:

Претседателот на Еропскиот Парламент Давид Сасоли во одговор на писмото на претседателите на Парламентите од земјите од Западен Балкан, наведува дека Европската унија веќе бара начини како да ги вклучи земјите од Западниот Балкан во своите механизми за справување со пандемијата со КОВИД-19.

-Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза, посочува во одговорот Сасоли.

Претседателите на парламентите на Северна Македонија Талат Џафери, на Албанија Грамоз Ручи, на Претставничкиот дом на Парламентарното Собрание на БиХ Денис Звиздиќ, на Народниот дом на Парламентарното Собрание на БиХ Драган Човиќ, на Косово Вјоса Османи, на Црна Гора Иван Брајовиќ и на Србија Маја Гојковиќ на 25 март упатија апел за помош на Западен Балкан во борбата против пандемијата на COVID– 19 до претседателот на ЕП Давид Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула вон дер Лејен.

-Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата COVID-19. Глобалните проблеми не можат да имаат национални решенија и, на многу начини, оваа пандемија на Коронавирус е тест за нашата европска солидарност. Институциите на ЕУ направија добро и претставија еден унитарен фронт во предлагањето на европски решенија – решенија засновани на солидарност и кои се стремат да не ги остават зад себе најранливите земји, пишува Сасоли во одговорот.

Западен Балкан, наведува тој, е дел од нашето европско семејство и нивната европска определба е несомнена.

-Затоа, целосно се согласувам кога ќе кажете дека сите мерки преземени на европско ниво треба да ги вклучат вашите земји и во најмала рака да не предизвикаат негативни последици врз вашите напори да се справите со пандемијата COVID. Бидете уверени дека ЕУ веќе бара начини да го вклучи вашиот регион во своите механизми за одговор. Како претседател на Европскиот парламент, ве уверувам во мојата целосна поддршка за изнаоѓање на најдобри решенија за да бидете заштитени од негативните последици од оваа криза, посочува Сасоли.

Добрите пријатели ја покажуваат својата љубов во време на неволја, не само во време на среќа, пишува претседателот на ЕП, потенцирајќи дека ова е време за солидарност и оти нашиот регион треба да биде вклучен.

-Ако останеме обединети, можеме да излеземе посилни од кризата, наведува во одговорот Сасоли.

Во писмото што го упатија до Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула вон дер Лејен, претседателите на парламентите бараа поддршка земјите од Западен Балкан да бидат изземени од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19.

Тие бараат разгледување на вклученоста на регионот на Западен Балкан во ЕУ плус шема на авторизиран извоз, овозможување на регионот на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од Заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема за борба против пандемијата со COVID– 19 и разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од Инструментот за претпристапна помош (IPA II) за борба против пандемијата на COVID– 19, како и користење на сите други фондови достапни од разните ЕУ фондови достапни за оваа намена.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески