Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Од:

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски за „А1он“, прашан дали ќе гласа за уставни измени.

„Ќе видите“, додаде тој и не ја исклучи можноста, да даде зелено светло за почеток на уставните промени.

Прашан дали по координацијата ќе има став, тој повтори дека тоа ќе го види јавноста за време на гласањето. Василевски не одговори дали ќе оди против партискиот став.

Пратеникот утрово пристигна во Собранието и се напи кафе со своите колеги пратеници. Координацијата неофицијално требаше да се одржи во 10.30, но таа започнала покасно.

Василевски кој беше обвинет за настаните од 27-ми април, во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра. Василевски и Арнаудов се двајца од тројцата пратеници кои што беа пуштени од куќен притвор по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за 27 април во замена пратениците да гласаат за уставните измени.

Расправата за уставните измени продолжи денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од парламентарното мнозинство бидејќи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од дискутирање и побара веднаш да се гласа. Гласањето, сепак, е неизвесно дали ќе се случи во текот на денот ако се има предвид дека секој од пријавените говорници има право да зборува 20 минути, а од СДСМ не ја исклучуваат можноста ВМРО-ДПМНЕ сепак да го користи правото да реплицира.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски