Претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејбук профил објави фотографии од вчерашниот напад врз него.Тој пишува дека не се работи за никаква пресметка помеѓу навивачки групи, туку остварување на заканата која му била упатувана во последниов период.
Пред неколку дена имаше јавна објава дека ќе ми бил дотеран умот, затоа што на некој сум му „прекурчил“. Имаше интервју во кое јас сум бил тој што ги организира насилниците. Јас ги потсетив баш вчера на неколку настани.
АМА ЈАС БЕВ ВЧЕРА ПРЕТЕПАНИОТ!
Претепан на сред улица, пред влезот до мојот дом! Кој е тука насилникот?
За настанот мегафоните пренеле дека била пресметка помеѓу навивачки групи, но тешко ми е да верувам во нивната бајковидна приказна, затоа што ова нема врска со ништо друго, освен со мене лично, затоа што им сметам! Ако сте решени да ме спречите тогаш идете до крај! Ние слики си оставивме дома, за најблиските и ќе застанеме после конечната победа за слободна, нормална и демократска Република Македонија!
Почитувани пријатели, ви се заблагодарувам за сите пораки и повици за поддршка на оваа борба, со тоа знам дека ниту јас, ниту вие, не сме сами! На 17ти мај ми е роденден, полнам 30 години и истиот сакам да го прославам со сите вас на фронтот за одбрана на слободата и демократијата. Се гледаме таму!
Морам да му се заблагодарам на полицискиот служебник што беше на гости кај комшиите и буквално ми го спаси животот и помогна да биде расчистен овој случај. ТИ БЛАГОДАРАМ ДОБАР ЧОВЕКУ! Да не беше ти, ова ќе беше уште еден од архивираните случаи како „Паркобрани“, нападите со ножеви од групата на Младеновски и сите физички пресметки врз сите нас кои им се добро познати на твоите колеги.
А на тие другите, тие што мене ми се обраќаат како да сум најтежок криминалец, морам да им соопштам дека правдата е спора, но ќе ги стигне! До тогаш бидете ми поздравени!
А на оние „мојне насилници“ ќе им ја повторам фразата „Она што нема да не убие не прави посилни!“ Блиску е 17ти! Ќе издржиме до тогаш, ама и после тоа!, пишува Богдановиќ.