Центар не може да ги доброи одобренијата за градење што ги потпишал Богдановиќ на заминување

Од:

Општина Центар трета недела ги брои одобренијата за градење кои ги дал поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ по укинувањето на мораториумот за градење на почетокот на март, минатата година. Извори за „А1он“ велат дека откако СДСМ ги истакна кандидатурите за новите градоначалници на крајот на август минатата година и стана извесно дека нема да го поддржи Богдановиќ за уште еден градоначалнички мандат, тој почнал интензивно да потпишува одобренија за градење.

Сегашниот градоначалник Горан Герасимовски пред три недели рече дека прават проверка што се е одобрено последните неколку месеци.

„Го задолжив Секторот за урбанизам да направи детална анализа на издадените одобренија за градење и одобрените идејни проекти. За наодите ќе организираме посебна прес – конференција на која ќе ја информираме јавноста за сите одобрени градби“, рече градоначалникот Герасимовски.

Денес од Општина Центар за „А1он“ велат дека анализата се уште не е завршена.

„Се работи на анализата. Проверуваме колку одобренија се издадени по секој план поединечно, што е многу обемна работа“, велат од Општина Центар.

Новиот градоначалник го задолжи Секторот за урбанизам да ги преброи издадените одобренија, посебно последните неколку месеци откако жителите на Центар, од различни делови, почнаа да се жалат на нови градби. Таква беше петкатницата кај хотелот „Јадран“ за која поранешниот градоначалник го потпишал одобрението за градење само три дена пред да замине од функцијата.

Богдановиќ за „А1он“ за петкатницата изјави дека не потпишал правосилно одобрение, со што соседите имаат можност да се пожалат, а рече и дека во Општината стигнале многу барања за одобренија за градење.

„Ние имавме навалица од заинтересирани за градење, кои како само да чекале да се укине мораториумот за градење“, рече поранешниот градоначалник Богдановиќ.

Тој објасни дека морал да одговори на сите кои поднеле електронско барање за одобрение за градба оти таква била постапката.

И сега од Општината објаснуваат дека не можат многу да направат против оние градби за кои веќе е аплицирано во електронскиот систем без разлика дали се за градби кои треба да бидат избришани од плановите како онаа кај хотелот „Јадран“ или за градби кои не се спорни.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Протест на Левица против урбанистичката мафија која ќе гради згради кај „Треска“

Орце Костов

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот