„Саса“ ќе треба да плати казна за истекувањето на јаловишен материјал во Каменичка Река

Од:

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот „Саса“ во Каменичка Река. Притоа, водостопанскиот инспектор понудил Записник за почнување постапка за спогодување согласно член 212-ж од Законот за животната средина, кој предвидува максимална глоба од 100.000 евра.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.

-Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице Рудник Саса направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира дека во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000 метри кубни од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката, загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба, наведува Министерството.

Записникот за почнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а натамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина која ќе донесе конечна одлука.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари