САС на МПЦ-ОА: Уште од почеток на пандемијата апелираме да се почитуваат препораките за заштита

Од:

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), уште од почетокот на појавата на здравствената криза во нашата земја и во светот, па сѐ до денес, однесувајќи се конструктивно, во сите свои официјални соопштенија постојано апелираше до верниот народ за почитување и придржување кон препораките кои водат кон сузбивање на пандемијата предизвикана од Ковид 19, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

Оттаму велат дека во сиот изминат близок период, значаен од духовен аспект за православните христијани и за црковното живеење, вклучително и последните празнувања, верниот воцрковен народ, иако чувствувајќи ја насушната потреба од духовна храна, особено во вакви времиња, сепак остана послушен на апелите, сметајќи ги како акт на христијанска пожртвуваност и љубов.

-Во овој дух, МПЦ-ОА, уште еднаш истакнува дека ги почитува и се придржува, а во таа насока и го повикува верниот народ кон исполнување на официјалните зададени мерки од страна на Владата и здравствените власти за социјална дистанца и носење соодветни заштитни средства, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

-Пребивајќи во постојана увереност во милоста Божја и чекајќи спасение од Господа (Битие 49, 18), поучени од духовната историја и словото на светите отци, во овој период да ги удвоиме силите и севкупниот напор и кон духовните мерки, односно духовните средства во вакви и слични состојби, придржувајќи ги и применувајќи ги зададените профилактички мерки од страна на одговорните, апелираат од МПЦ-ОА

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I