Сарачини: Новинарството повторно се раѓа

Од:

Според Петрит Сарачини, од МИМ, новинарите треба да се слуги на граѓаните и проблемот го гледа во уредниците.

„Поради слабото присуство на дебатава, клучниот проблем го лоцираме во уредниците. Уредниците се однесуваат како да се најнискиот слој.“, вели Сарачини на денешната презентација за набљудувањето на медиумското известување од Високата школа, поддржано од холандската амбасада.

Тој смета дека дебата не постои затоа што политичките партии не сакаат да има.

„Би реферирал заедно со колешката Тамара Чаусидис, која пред неколку месеци додека работеше во порталот Актив имаше интересно интервју со професор од Јеил, кој што го потенцира аспектот на активизмот во новинарството. Кога времињата се тешки, како што се сега, новинарите мора да се држат до оние со кои што треба да имаат папочна врска“, рече тој, осврнувајќи се на важноста на публиката.

За време на кратка пауза, тој начул од помладите студенти новинари кои споделуваат песимистичко мислење за иднината на новинарството.

„Новинарството се раѓа повторно онлајн, секој од вас може да си отвори сајт и да настапи критички“, рече Сарачини.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски