Само граѓаните над 60 години кои примиле „АстраЗенека“ во Србија, ќе се ревакцинираат во земјава

Од:

Граѓаните кои ја примиле вакцината „АстраЗенека“ во Србија, а имаат над 60 години, ќе можат да се ревакцинираат во земјава кога им е закажана втората доза вакцина. Оние под 60 годишна возраст, ќе мораат да одат во Србија на ревкцинација, бидејќи, како што велат од Министерството за здравство, „во нашата земја Астра Зенека се аплицира само кај лица над 60 години“.

„Во тек е изработка на платформа на веб страницата vakcinacija.mk која деновиве ќе биде пуштена во употреба и преку која граѓаните кои примиле вакцина во Србија или друга земја ќе може да се пријават за ревакцина во нашата држава. Граѓаните задолжително на пункт за вакцинација, ќе мора да докажат дека примиле прва доза вакцина во валидна здравствена установа во друга земја“, велат од Министерството за „А1он“.

На прашањето дали граѓаните вакцинирани со вакцините „Синофарм“ и „Фајзер“ во Србија или пак во друга држава, ќе можат да ја примат втората доза во земјава, од министерството тврдат дека во зависност од достапноста на вакцини во земјава, граѓаните ќе имаат можност да се ревакцинираат во нашата земја.

Се уште од Србија не е пристигната листата на граѓани вакцинирани во земјата, а последните бројки се дека околу 15.000 лица се вакцинирале во соседната држава со вакцината „АстраЗенека“.

„А1он“ се обрати до српското Министерство за здравство со прашање од кои причини се уште не е испратен списокот на македонски граѓани вакцинирани таму, но одговор се уште нема.

„Во постојана комуникација сме со министерството за здравство на Република Србија, последниот податок за вакцинирани граѓани во Србија беше во април, при посетата на министерот Венко Филипче кај српскиот министер Златибор Лончар“, велат од македонското Министерство за здравство.

Во недостиг на вакцини во земјава, во март годинава, илјадници граѓани заминаа во Србија да ја примат британската вакцина „АстраЗенека“. По сомнежите истата јавува нуспојави кај помлади лица, дел држави, меѓу кои и Германија, ја забранија вакцината за лица под 60 години. Македонија го следеше примерот на Германија и го стори истото, откако во земјава пристигнаа вакцините на „АстраЗенека“.

Кон почетокот на месецов, Германија се премисли и дозволи вакцината да ја примаат сите полнолетни граѓани, но во Македонија остана забраната за лица под 60 години.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска