Македонија е на 84-то место на најсреќни земји во светот според Светскиот извештај за среќа кој го објавија Обединетите нации.
Македонија според индексот на среќа на младите се најде на повисокото 67.место. Од земјите од регионот, посреќни се Словенија која е на 21. место, Косово (29 место), Србија (37 место), Хрватска (63), Грција (64), БиХ (65 место), Црна Гора на 76 место, Бугарија на 81 место, а Албанија е на 87. место.
Украина на е 105. место, а палестинските територии на 103. место.
Најголем раст на индексот на среќа од 2021 до 2024, во однос на периодот од 2016 до 2010 година, е забележан во Србија, Бугарија и Летонија, а најголем пад има во Авганистан, Либан и Јордан. Авганистан, кој е зафатен од хуманитарна катастрофа откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји.
Седма година по ред Финска е најсреќна земја во светот. На врвот на глобалното рангирање се и Данска, Исланд и Шведска, а од водечките сили во ЕУ, Германија е на 24 место, а Франција на 27 место.
Германија и САД не се во топ 20 првпат по повеќе од 10 години, откако паднаа на 23-то место, во најсреќните 20 оваа година влегле Костарика и Кувајт.
Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќа што ја објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година од 2012 година. Се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.
Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и корупција.