Фасадата на МЕПСО од 11 милиони евра отиде во ветер

Од:

Ветрот синоќа откорнал големи парчиња стиропор од фасадата на АД МЕПСО, а утрово на социјалните мрежи градоначалниците на Скопје и на Центар споделуваат слики од направениот неред.

„Што да се прави со проектот „Скопје 2014“ ?!… Сам се руши АД МЕПСО нема повредени“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Ценатр Саша Богдановиќ.

Градоначалникот на Скопје, пак, Петре Шилегов за уништената фасада на МЕПСО вели „освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето“.

Тој најави дека по изборите ќе го решава проектот „Скопје 2014“.

„Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило“, напиша градоначалникот Шилегов на „Фејсбук“.

Новата фасада на МЕПСО со столбови во антички стил и нов покрив чинеште 11 милиони евра. Изведувач на фасадата беше „Бетон Штип“, а автор на пректот „Неимар Инженеринг Скопје“.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници