Скандал во МВР: Ист случај со крадење на пари како во Катастар, надлежните молчат

Од:

Министерството за внатрешни работи неуспешно се обиде да сокрие скандал во кој е вмешан вработен во Одделението за управни работи – Скопје, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, односно крадење на буџетот на МВР, дело слично како случајот со вработените во Катастар кои пред неполна недела беа приведени како осомничени за финансиски криминал.

Според информациите до кои дојде А1он, лицата кои го пријавиле случајот, М.П.Б. и Л.К. се веднаш сменети од работните места и прераспоредени на пониски, а осомничениот се уште останува на истото работно место на кое што се сомничи дека го сторил делото.

А1он ја контактираше и финансовата полиција во која е пријавено делото со цел да добиеме повеќе информации во врска со делото и со штетата направена во буџетот на министерството, но иако од таму рекоа дека повеќе информации ќе дадат подоцна, повеќе не беа достапни да ги соопштат истите.

На први овој месец, Jавното обвинителство отвори предмет сличен на овој, во кој 13 катастарски службеници се сомничат дека го ограбиле буџетот на катастарот и се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.883.433,00 денари.

За нив се определени мерки забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности што се поврзани со кривичното дело, додека пак во овој случај освен што лицето останува на работното место во МВР, за него не се отвoра никаков случај и покрај тоа што е пријавено во финансовата полиција.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР