Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Од:

Во текот на изминатиот ден тројца патници кои сакале да ја минат македонската граница се приведени бидејќи имале несоодветни документи.

Во едниот случај државјанин на Албанија приложил пасош на кој било откриено дека недостасуваат страници. Во вториот случај 33-годишник од Косово сакал да мине со лична карта за која граничните служби утврдиле дека е преправена. Во третиот случај камионџија од Турција сакал да помине со фалсификуван зелен картон. Сите тројца се задржани во приведени за понатамошна постапка.

Во полицискиот билтен објавени детали за овие три случаи

На 20.2.2024 во 18 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле Т.Ј.(30) од Р.Албанија поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат страници. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

21.2.2024 во 1.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Г.(33) од Косово поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки. Тој бил предаден на полициски службеници од отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

На 20.2.2024 во 23.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.М.Е.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР