Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање

Од:

Новиот министер за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, актуелен градоначалник на општина Липково, роден е на 21 јануари 1960 година.

Во биографијата на Дураку се наведува дека завршил високо образование на Универзитетот во Приштина, Технички факултет насока машинство.

Дураку од 2000 година работел во Царинската управа на Македонија, а од 2002 бил и заменик директор на царината.

Во 2004 година е избран за министер за земјоделие, шумарство и економија, а од 2006 година пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2008 година е директор на Агенцијата за развој и инвестиции.

Од 2009 година Дураку е градоначалник на општина Липково

Во биографијата се наведува дека покрај албански и македонски има познавање и од германски јазик.

Би можело да ве интересира

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Министерството за животна средина: Од 1 јануари стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Ана Ололовска

Нуредини: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Ана Ололовска