А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија

by А1он29/06/2018 - 09:38215
Share0

Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот прогрес во одредени области.

– Одлуката на Советот ги нагласува силните напори што двете земји ги направија во имплементација на реформите за усогласување на нивните закони со стандардите на ЕУ, истакнуваат од Стејт департментот.

Понатаму се укажува дека како пријател и партнер на Македонија, САД и помага на македонската Влада за успех во евро-атлантските интеграции на земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ова вклучува владеење на правото, подобрување на одговорното владеење, како и реформи во судството, разузнавачките служби и јавната администрација. Ова се важни прашања кои мора да се решат независно од процесот на пристапување во ЕУ, посочуваат од американскиот Стејт департмент.

САД, исто така, го поздравуваат „историскиот договор за решавање на прашањето за името“. Се нагласува дека овој договор ја зајакнува регионалната безбедност, просперитетот и заедничката европска иднина на двете земји.

– Премиерите Заев и Ципрас демонстрираа визија, храброст и непоколоебливост во стремежот за заеднички прифатливо решение, изјавија за МИА од Стејт департментот.

eusadstejt department

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он23/10/2026 - 16:14

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Горан Наумовски23/10/2026 - 13:11

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Горан Наумовски22/10/2026 - 21:08

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Горан Наумовски22/10/2026 - 19:53

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Горан Наумовски22/10/2026 - 19:35

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Горан Наумовски22/10/2026 - 18:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео