А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

САД бараат ВМРО-ДПМНЕ и Груевски јавно да ја поддржат Катица Јанева

by А1он04/02/2016 - 22:2405/02/2016 - 11:47233
Share0

Претставничката на САД, Кејт Брнс во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, во своето обраќање го повика ВМРО-ДПМНЕ и лидерите на партијата јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка Катица Јанева во текот на сите фази од нејзината работа.
Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост.

Добивај вести на вибер

Ние ги повикуваме сите политички партии, кои едногласно се договорија за именувањето на г-ѓа Катица Јанева, јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа. Ние исто така ги охрабруваме сите партии да ја поддржат работата и јавно и приватно на независната Државна изборна комисија за да се обезбеди таа да има доволно персонал, ресурси и пристап до информациите кои и се потребни за да ја води својата работа во првата темелна анализа на изборната листа на земјата, рече Брнс.

Screenshot_1

Таа ја поздрави оставката на Никола Груевски, како камен темелник на примената на Договорот од Пржино, и укажа дека САД се загрижени поради недостигот на напредок за препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права дадени во 2014 година.

– Во нив се содржани пречистување на изборниот список, реформа на медиумите за да се обезбеди еднаков пристап за сите алтернативни ставови, одвојување на државата од партијата, спречување на заплашувањето на гласачите и притисок. Како клучни олеснувачи на Договорот од Пржино, САД и ЕУ ќе направат анализа на напредокот околу овие прашања пред распуштањето на парламентот на 24 февруари за да се определи дали условите кои треба да водат до кредибилни избори на 24 април се исполнети како што тоа го предвидува Договорот од Пржино, кажа Брнс.

katica

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска14/09/2020 - 11:4814/09/2020 - 13:46

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска23/06/2017 - 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски13/06/2017 - 21:4614/06/2017 - 07:56

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски24/03/2017 - 16:2525/03/2017 - 08:38

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ15/03/2017 - 16:3916/03/2017 - 08:13

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он07/03/2017 - 11:2507/03/2017 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен