Сачевалиев: Јас го терав Заев да говори за поткупот

Од:

„Јас го терав Заев да говори за поткупот“, рече бизнисменот Иван Николов Сачевалиев на денешното судење за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. На прашањето на судијката, дали откако луѓето од МВР го опремиле со палто со опрема за да го снима, Заев сам говорел за поткупот, сведокот Сачевалиев рече: „Јас го терав градоначалникот да ми го каже тоа“.

Според исказот на сведокот, тој бил користен како агент провокатор. Адвокатите на Заев тврдат дека за тоа не постои наредба. Претходно премиерот Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, повеќе од половина час го испрашуваше во судницата сведокот Иван Николов Сачевалиев, кој тврдеше дека во 2013 година, кога Заев беше градоначалник, знаел дека тој треба да откупи државно градежно земјиште и му се јавил за да дојде кај него за 15 минути во градоначалничкиот кабинет во Струмица. Му рекол дека може да го откупи земјиштето за 70 денари од квадратен метар, но дека ќе треба да плати плус три евра – едно евро за него, едно за СДСМ и едно евро за црквата.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев