Сабриу: ДУИ и нивните семејни проблеми да не ги прикажуваат како државни

Од:

Колицијата Вреди денеска на прес-конференција ја повика Демократската унија за интеграции (ДУИ) нивните, како што беше посочено, семејни проблеми да не ги прикажуваат како државни проблеми и да не ги прикажуваат како меѓуетнички тензии.

-ДУИ и овој пат, како и секојпат досега, не успеа да поттикне меѓуетнички тензии во земјава. Тие цела недела ја лажеа јавноста продуцирајќи лажни вести божем запалените возила и објектот во Куманово имаат етничка позадина. На овој начин, се обидоа да ја префрлат вината кон Коалицијата ВЛЕН, каде меѓу другото беше иницирана интерпелација и против заменик министерот Астрит Исени, изјави Фатмир Сабриу од Вреди.

Како што кажа тој, МВР и полициските службеници со највисок професионализам и во рекорден рок го расветлија случајот и го уапсија осомничениот за палењето на возилата и локалот во Куманово.

-Упатуваме апел до ДУИ нивните семејни проблеми да не ги прикажуваат како државни проблеми и да не креваат прашина во јавноста околу меѓуетничките тензии, рече Сабриу.

Коалицијата Вреди, додаде тој, никогаш нема да дозволи проблемите на ДУИ да се претставуваат како општествени проблеми.

-Граѓаните треба да бидат свесни дека овие случаи се изолирани и не ја претставуваат реалноста на нашата земја. ДУИ веќе е изолирана и тоне во бездната на своите неуспеси, останувајќи само со еден партнер во криминал: Никола Груевски, рече Сабриу.

Според него, нивните 20-годишни криминали и гревови не можат да се сокријат со мрачни меѓуетнички сценарија.

-Доста се обидувате да ги користите Албанците како штит за да се спасите од затвор, рече Сабриу на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик