Победата на советничката листа на опозицијата ги зголемува шансите на Андреј Жерновски, пишува во колумна за Утрински весник Нано Ружин.
Во филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ посветен на фудбалскиот тим „Македонија“ за време на окупацијата на Скопје од страна на фашистичка Бугарија и холокаустот на македонските Евреи, има една сцена кога тренерот на Македонија Рудолф Шпиц, инаку Евреин, им се обраќа на играчите пред натпреварот со софискиот шампион „Левски“ со следните зборови: „Утре против вас ќе бидат и играчите и судиите и сите останати… играјте го вашето танго и ќе успеете“.
Во некоја рака, позицијата на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, многу наликува на ситуацијата на клубот „Македонија“. Тој ќе успее само ако ја одигра својата игра, иако на другата страна е администрацијата на досегашниот градоначалник со голема логистичка поддршка на Град Скопје и на Владата. Владимир Тодоровиќ по четири години на чело на општината пред гласањето во вториот круг најави дека ќе го укинел плаќањето за паркинзите за жителите на Центар. Откако четири години тие плаќаа за овие паркинзи.
За Ружин е неверојатно што никој од власта, ниту од нејзините поддржувачи не упати сочуство или јавна реч кон семејството на трагично загинатиот Никола Младенов.
Иако со многу од нив долги години беше пријател. Но, тие се дистанцираа од Младенов, а и тој од нив, затоа што тој по вокација беше критичар на секој власт. А кај нас е најголем грев да се критикува власта. За тоа нема простување, па ни сочувство. Оние што ја глорифицираат власта знаат да пишуваа критички, но само против послабиот, за оној што не владее.
Големината на Младенов беше што пишуваше критички против секоја власт, како јунак од античка трагедија јуришаше критички против моќните, силните, против владетелите и тајкуните, знаејќи дека можеби и ќе настрада, но во полза на вистината.Во еден од последните текстови се запраша: „Дали палецот може да ја победи тупаницата?“ Тоа беше доволно да биде класификуван како непријател на дружината на власт. А тој беше само еден критички настроен новинар, пишува Ружин.
Целата колумна можете да ја прочитате ОВДЕ!