(ВИДЕО) Јанакиески: Не ја опструирам постапката, лично го дадов телефонскиот број на СЈО

Од:

Апелациониот суд ќе ја разгледува жалбата на екс- министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, обвинет во случајот „Титаник“ за 4 кривични дела.

Јанакиески преку жалбата до Апелација си го бара пасошот назад, кој му беше одземен по изрекување на мерка за претпазливост од страна на Основниот суд, додека пак СЈО бара притвор за поранешниот министер.

Адвокатот на СЈО, Бурим Рустеми побара притвор за Јанакиски поради опасност од бегство и да влијание врз сведоци и соучесници.

-Има висока позиција во ВМРО-ДПМНЕ и постои веројатност да влијае врз сведоците, вели Рустеми.

Обвинетиот Миле Јанакиески изјави дека не ја опструира постапката, лично го доставил својот телефонски број до СЈО и ќе биде достапен за обвинителството.

Тој исто така пред судиите и обвинителите се пожали дека 27 илјади страници докази не може да се прочитаат за кратко време.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“