Рустеми бара на Трајковски да му се суди посебно: Не дај Боже, може да почине

Од:

Обвинителот Бурим Рустеми по втор пат бара одвојување на постапката во ТНТ, односно на обвинетиот ексградоначалник Тони Трајковски да му се суди посебно, поради документацијата која ја достави до судот, а со која се бара одложување на рочиштето оти тој не може да ја следи расправата.

За предлогот, сите бранители на обвинетите побараа од судот да биде одбиен. Потоа, тие по неколку пати бараа збор од судијата Огнен Ставрев, давајќи слични образложувања зошто не треба да биде прифатен предлогот.

Судискиот совет одлучи предлогот за раздвојување на постапката за Тони Трајковски во ТНТ, да не го прифати.

Миле Јанакиески кој е еден од обвинетите во ТНТ, рече дека за него нема логика да се брза за да се донесе пресуда во предметот бидејќи предметот застарува за 11 години.

„Малку е чудно што на почеток на главно рочиште, кога обвинетиот е тука, обвинителството да бара раздвојување на постспката, иако адвокатот кажа дека ќе биде 5-10 години. За мене нема логика ова, особено што ова застарува во 2031 година. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет“, рече Јанакиески.

По инсистирањата на бранителите за предметот да не се одвојува, Рустеми даде појаснување на предметот, велејќи дека Трајковски сам кажал дека не може да ги следи рочиштата повкувајќи се на медицинска документација. Правејќи компарација, Рустеми посочи дека обвинет во лоша здравствена состојба може да почине.

„Не дај Боже, може да почине. Не може да му се суди во истата постапка, затоа барам и раздвојување“, рече Рустеми.

Судот побара присутните да излезат од судница, додека, адвокатот Страшевски под рака го изнесе Трајковски во холот од судот.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов