Рускоска: Воопшто не размислувам за преквалификција на делото за 27 април

Од:

„Не знам што содржи законот и дали воопшто ќе треба нова квалификација. Беспотребно лицитираме, треба да го видам предлог-законот и до тогаш не можам ништо да кажам. Јас искрено, воопшто не размислувам за преквалификација и не се сомневам дека обвинението треба да биде ‘терористичко загрозување на уставниот поредок’“, рече обвинителката Вилма Рускоска по денешното рочиште за крвавиот четврток.

Рускоска исто така истакна дека наскоро ќе излезе со предистражна постапка за нарачателите на настаните од 27 април, но не сакаше да дава повеќе информации околу тоа.

На новинарско прашање дали се повикани на сослушување одредени лица кои беа споменувани во постапката, а не се обвинети, Рускоска рече дека не се повикани бидејќи смета оти тоа не е потребно.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава