Европската Унија побара од владите од државите на Западен Балкан да престанат да вршат притисок врз медиумите и да прават од нив алатки за манипулација со граѓаните. Најчестите алатки за ставање под свој контрола на медиумте ЕУ констатира што секој граѓанин го знае во ови држави а тоа се заплашување на новинарите, политички притисок и незаконските владини субвенции во избран дел од медиуми..
Вакавта серија притисоци создадоа од медиумите специјални „очила“ за граѓаните за тие да гледаат розово на криминалот, корупцијата, злоупотребите на власта популистички медиуми.
Умира вистината во Западен Балкан?!
Замолчувањето на новинарите е стара тактика за владеење на популистите и раѓање диктатура.
Извештајот од Европската Комисија за слободата на медиумите, презентиран овој месец, сериозно ја разоткри ситуацијата на новинарите во речиси секоја земја, и ги наговести промените кои мораат да се направат. Ниту Хитлер не би смислил толку методи за мачење, како што смислиле балканските популисти за новинарите.
Владите од државите на Западен балкан за овој извештај молчат и ја негираат вистината која е можеби повеќе од очигледна.
Умирањето на телевизиите, радио и печатените медиуми е хронична болест која ги покосува сите новинари на Балканот, кои сакале да му откријат на народот некоја скриена состојба. Токму тие се оние кои по затворањето на нивниот медиум, се преселиле на судските клупи, како осудени за клевета од политичарите, кои го притиснале секој сегмент во општеството благодарение на власта и моќта кои се добиени од граѓаните.
Јавен дифузен сервис кој ја говори вистината непостои во земјите од Западен Балкан, покажале истражувањата од Европската Комисија. Истотака, транспарентноста е одамна заборавена кога станува збор за раководењето и финансирањето на медиумите во речиси секоја од земјите на Западен Балкан.
Голем е бројот на медиуми кои се затворени, професионалните новинари немаат можност да работат, а оние кои работат најчесто живеат живот во страв, се вели во извештајот.
Маската на слободно новинарство во балканскиот популизам е застрашувачка. Косово и Албанија работат со истите алатки во убивањето на слободните медиуми, па строгите судски пресуди, затворот, финансирањето на секој печатен медиум од страна на владејачката гарнитура се повеќе од јасно видливи.
Во Македонија последниот случај на уапсен новинар е само кулминација на насилството, притисоците и заканите, под кои се наоѓаат храбрите новинарски пера. Поделбата на медиумите на владејачки и опозициски, затварањето на дел од нив, исмевањето на нивните содржини, слевањето на големи средства за непотребни владини реклами- се само дел од непстоењето на незавсини медиуми.
Годишното вложување на повеќе од 20 милиони евра во медиумите, во рекламни спотови е само фина алатка за преземање на целосна контрола над нив и убивање на нивниот кредибилитет и веродостојност. Токму Владата е најголем откупувач на рекламен простор во медиумите, а тоа и’ дава сила за преземање на целосна контрола над нивните медиуми.
Во Србија ниту сопственоста на медиумите не е целосно разјаснета, па политичките и бизнис притисоци се секојдневие, како и назначувањето на политички избрани уредници, кои ја креираат програмата на телевизиите по нечија нарачка.
Безбедноста, според Европската Комисија, е најмала во Хрватска, каде ниту полицијата не ги штеди своите сили кога треба еден новинар „да се научи на памет“, па листата со брутално претепани новинари секојдневно расте.
Руски рулет за новинарите во Турција
Последните случувања со немирите кои ја размрдаа Турција јасно ја открија лошата состојба во која се наоѓа секој новинар, секој борец за борба за основното човечко право- слободата на говорот.
Турските власти многу иновативно пристапија на процесот на угнетување на новинарите кои негативно известуваат за секоја нивна одлука, но и за начините на кои истите постапија кога ги смируваа демонстрациите.
Новинарите играат руски рулет со секоја своја нова вест и‘ гледаат длабоко в очи на смртта.
Владеењето на исламистите ги притисна новинарите блиску до куршумите и барутот, ги скри зад сликата на државни непријатели, противници на напредокот на земјата. Деспотската тиранија која се применува врз медиумите не може да се спореди со онаа на Османлиите врз поробените земји, која се правела пред неколку векови.
Дури и известувачите од другите земји не се поштедени, па тука е примерот на новинарот од САД, Џери Фалвер, кој бил фрлен во затвор само за едно „погрешно известување“. Ниту припадноста на исламистичката партија која е на власт, не е сигурна заштита за турските новинари, кои трагаат по истражувачки приказни. Во Турција има повеќе затворени новинари во споредба со Кина и Иран, но бројот на новинари кои се самоцензурираат, пак, е три пати поголем.
Волјата на народот, слободата на самоопределување, слободата на говорот, а со тоа и целата демократија е ставена на милост и немилост на владејачките гарнитури. Токму овој вид на слобода, кој им се дава на новинарите, ја смести Турција на 148-то место во светот кога станува збор за слободата на медиумите.
Дури и во кривичниот законик на Турција, има член во кој новинарите се тангираат како платеници на некои терористички организации, член кој им дозволува на властите да ги почестат со затворска казна, која трае 15 години.
Лошата состојба на новинарите е отсликана преку новинарот Рагип Заколу, кој 70 пати седнал на судските клупи и е обележан како непријател на државата, поради неговите текстови кои ја откривале вистинската слика за Турција, Тој е добитник на Нобеловата награда за мир.
Владејачката тортура стигнува до таму што и слободата на Интернетот им е ограничена на сите оние кои „сакаат да ја навредат турската нација“, иако тој беше последното прибежиште на слободата на говорот.
Иако секојдневно се влошува слободата на медиумите, се замолчува слободата на говорот, ниту една политичка елита нема волја ниту желба да го запре ова спирално пропаѓање на новинарството.
Напротив, политичарите се оние кои критицизмот го дефинираат како најлошо непријателство кон државата, кое треба да биде строго осудено, ако е потребно и со смрт, бидејќи вистината е онаа која е можеби премногу болна да се дознае.
Па, каква ли е таа европска иднина која ја посакуваат сите овие плуралистички земји, кога се премногу глуви и слепи за слушањето на туѓото мислење и менување на ќорсокакот во кој ја водат државата?! Глувоста за секоја забелешка, цензурата, задушување на критиката, молкот за вистината- нé носат во најтемниот тунел, во кој светлината од Европската Унија сигурно нема да нé допре.
Автор: М-р Наташа Димеска
Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција“.