Русин упаднал во резиденцијата на Иванов на Водно

Од:

33 годишниот Русин Денис Червов сакал да види што има зад три метри високата ограда на резиденцијата на претседателот Иванов, пренесе Канал 5.

Бил забележан од обезбедувањето и приведен. Русинот се правдал дека живее во стан под кирија во близина на резиденцијата и оти пешачел секое утро и се прашувал што има зад оградата. Утрово решил да влезе во дворот.

Червов како гостин на методистичката црква дошол во државава кон средината на јуни и имал повратна карта за на 14-ти август преку Белград.

Полицијата му го проверила и телефонот на Русинот и во него немало никакви слики на резиденцијата каде што живее претседателот Иванов со семејството, ниту пак од вилата Водно.

Од Методистичката црква потврдиле дека имаат таков гостин, а полицијата и натаму истражува дали исказот на 33-годишниот Русин е точен.

Инаку претседателот Иванов со сопругата и синот се на одмор во вилата Билјана во Охрид.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on