А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

РСС предупредува: Роамингот на Западен Балкан од 1 јули не се наплаќа, операторите и националните регулатори да се придржуваат до договорот

by А1он03/07/2021 - 15:4503/07/2021 - 15:47846
Share0

Регионалниот совет за соработка предупредува дека Регионалниот договор за роаминг на Западен Балкан е јасен и дека трошоците за роаминг од 1 јули годинава треба да бидат 0, односно да нема трошоци за роаминг.

Добивај вести на вибер

-Загрижени граѓани постојано ни се јавуваат и велат дека одделни оператори не ги известуваат за тоа дека од 1 јули 2021 нема трошоци за роаминг, дека пораките се неодредени и комплицирани, а особено оние врзани за користење на мобилни податоци, односно интернет. Ги повикуваме телеком операторите и националните регулаторни тела да обезбедат адекватни известувања, како и примена на договорот. Покрај тоа, граѓаните се советуваат за дополнителни информации да ги контактираат своите оператори, велат од РСС.

Во Регионалниот договор за намалување на цените на роамингот, нагласуваат, јасно се наведува дека од јули давателите на услуги за роаминг во регионот на Западен Балкан нема да наплатуваат никаков дополнителен надомест на домашната малопродажна цена на корисниците на роаминг во регионот на Западен Балкан за регулирани повици во роаминг, појдовни или дојдовни, за сите регулирани СМС пораки кои се праќаат во роаминг и регулирани услуги на пренос на податоци во роаминг, вклучувајќи и ММС пораки, како ниту општ надомест за користење на терминалната опрема или услуги во странство.

РСС во исто време наведува дека во соработка со националните регулаторни тела подготвиле список на најчесто поставувани прашања кои може да ги имаат граѓаните, а кои се поврзани со бесплатниот роаминг на Западен Балкан и тие прашања и појаснувањата и на македонски, можат да се прочитаат на следниот линк: https://www.rcc.int/docs/583/answers-to-frequently-asked-questions-on-roaming-free-western-balkans .

Од Регионалниот совет за соработка повториуваат дека седната фаза е почеток на работата со Европската Унија за намалување на цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.

roaming

Би можело да ве интересира

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Катерина Ѓуровски04/10/2023 - 12:06

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Анита Петровска Рајковиќ02/10/2023 - 14:44

Наскоро се укинува роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ

Катерина Ѓуровски17/01/2023 - 14:0717/01/2023 - 14:24

ВИДЕО: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ од 2023 година

Ана Ололовска06/12/2022 - 11:1206/12/2022 - 12:10

Поевтин роаминг меѓу Република Северна Македонија и Република Грција

Сандра Бошковска19/02/2019 - 12:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен