РСБСП со апел до возачите да внимаваат на тракторите и други мобилни машини

Од:

Во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот, итн. бројот на земјоделски возила – трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот значително се зголемува. Ова претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети.

Според статистичките податоци секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколга го губат животот во сообраќајни незгоди. Во првите шест месеци од 2020 година, еден возач на трактор го загубил животот, а во сообраќајна незгода се повредени 12 лица. Во летниот период од 2020 година, според неофицијални податоци на РСБСП, двајца возачи на трактор го загубиле животот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат свесни и претпазливи за опасноста во сообраќајот. РСБСП посебно апелира до возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

Од РСБСП исто така апелираат и до возачите на други моторни возила да внимаваат на тракторите и други мобилни машини во сообраќајот во ноќни услови и во услови на намалена видливост, бидејќи многу често тракторите и другите мобилни машини немаат соодветно осветлување.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска