РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Од:

Посебно ризична и ранлива група на учесници во сообраќајот претставуваат возачите почетници. Со цел да се овозможи постепено надоградување на знаењата и вештините кај возачите почетници и нивно постепено и безбедно интегрирање во сложениот и динамичен сообраќаен систем Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) изработи стручна литература- „Прирачник за возачи почетници“.

Целта на РСБСП е да му се укаже на секој возач почетник дека неговата одговорност за безбедноста во сообраќајот е голема и дека секој возач почетник треба да биде свесен дека возачката дозвола – правото за управување моторно возило ‒ претставува доверена одговорност од семејството и општеството.

Добар возач не се станува со самото полагање на возачкиот испит и со добивањето на возачката дозвола. Возачката дозвола е доказ дека возачот поседува минимум потребни знаења и вештини за да учествува во сообраќајот, а за да се стане добар и безбеден возач, потребно е знаење, едукација и потребни се години на пракса и искуство и токму затоа законот предвидува одредени ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, истакна Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на денешниот настан по повод промоција на прирачникот.

Прирачникот, како што посочуваат од РСБСП, претставува добро систематизиран, сликовит потсетник за законските и моралните обврски на секој возач почетник и е изработен во таква форма и содржина што на еден јасен и разбирлив начин ги прикажува „најважните“ правила и прописи кои треба да ги знаат и почитуваат возачите почетници од „Б“ категорија.

Прирачникот е достапен во печатена форма, на македонски и на албански јазик, и во наредниот период ќе биде дистрибуиран до голем број на автошколи, средните училишта, високообразовните институции, итн. Прирачникот е достапен и во електронска форма на веб страната на РСБСП.

РСБСП апелира до возачите почетници: Сообраќајот не е игра. Во сообраќајот нема место за возачи без возачка дозвола, но нема место ни за возачи кои поради незнаење или неодговорност ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин ја загрозуваат неговата безбедност. Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста и тоа што сте возач почетник, не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорно однесување во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска

РСБСП: Лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица

Ана Ололовска