ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) продолжуваат со засилени едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли на сообраќајната полиција, се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот на прво место“, „Не го потценувај заморот. Вози одморен! “, „Не вози под дејство на алкохол“, „Намали ја брзината, затоа што брзото возење изнудува грешки кои завршуваат фатално!“, се дел од пораките кои МВР и РСБСП овој викенд ги упатуваа до учесниците во сообраќајот во Битола со цел подигање на свеста за важноста и за потребата од одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да разберат колку е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи затоа што само на тој начин, преку јакнење на колективната свест, и колективното разбирање може да го направиме сообраќајот побезбеден за сите.

РСБСП и МВР продолжуваат со активностите во рамките на Летната кампања. Сообраќајно превентивните активности се наменети за сите учесници во сообраќајот. Укажуваат на влијанието на заморот на безбедноста во сообраќајот.

– Со помош на таканаречени „Пијани наочари“ кои симулираат перцепција на лице под дејство на алкохол, укажуваме на ризикот, опасноста и последиците од возењето под дејство на алкохол, укажуваме и на последиците од брзото и агресивно однесување во сообраќајот. Учесниците во сообраќајот даваат поддршка за кампањата и веруваме дека сите вложени напори од РСБСП и МВР на крајот ќе резултираат со намалување на бројот на сообраќајни незгоди, изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на денешниот настан во Битола.

Тони Ангеловски, портпарол на МВР најави дека продолжуваат превентивните и репресивни теактивности. Тој потенцира дека во активностите кои што ги реализираат со РСБСП ги потсетуваат граѓаните дека безбедноста во сообраќајот, покрај другото е лична обврска и лично право на секој учесник во сообраќајот, и секој кој што учествува во сообраќајот е должен да ги почитува сообраќајните правила и прописи.

– Најголем дел од граѓаните се одговорни и совесни учесници во сообраќајот, но за жал се уште имаме учесници во сообраќајот кои возат под дејство на алкохол, управуваат моторно возило без возачка дозвола или ги прекршуваат правилата за ограничување на брзината. За ваквите возачи нема место во сообраќајот и ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќајот. Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот на територијата на целата држава имаме 434 санкции за возење со поголема брзина од дозволената. Синоќа пак, во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 231 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а од нив 35 на територија на СВР Битола. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, рече Ангеловски.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска

РСБСП: Лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица

Ана Ололовска