РСБСП со апел: Безбедноста нека ви биде на прво место, почитувајте ги прописите и правилата во сообраќајот- секогаш и секаде

Од:

Статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на останатите месеци од годината. Дополнително ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд во сезона на годишни одмори, а токму такви се деновите кои доаѓаат.

Од таа причина РСБСП упати апел за одговорно учество во сообраќајот и со потсетување на возачите за дел од правила и прописи кои не само што треба да ги познаваат, туку и редовно треба да ги почитуваат.

Возачот секогаш е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

Брзината на движење, на патиштата во Република Северна Македонија е ограничена и тоа: -130 км/час на автопат, -110 км/час на пат резервиран за моторни возила, – 90 км/час на останатите патишта. Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час. Непочитувањето на оваа законска одредба во зависност од големината на пречекорувањето се санкционира со парична глоба од 10 до 400 ЕУР.

Во Република Северна Македонија, користењето сигурносен појас во возилото е задолжително не само за возачот, туку и за лицата кои се превезуваат во возилото. Употребата на појасот е задолжителна за патниците на сите седишта кај кои фабрички е вграден сигурносен појас, потсетуваат од РСБСП. За непочитување на оваа законска обврска предвидена е парична глоба во износ од 40 ЕУР за возачот, односно 50 ЕУР за лицата кои се превезуваат во возилото.

Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 промили. Кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,0 промили). Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 ЕУР, потсетува РСБСП.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска