РСБСП: Мотоциклисти внимавајте и почитувајте ги сообраќајните правила

Од:

Носете заштитен шлем, внимавајте на брзината, користете ги трепкачите, одржувајте растојание, користете ги двете сопирачки, избегнувајте „мртви агли“, носете рефлектирачки елек и заштитна опрема, апелираат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата до сите моторциклисти, нагласувајќи дека тие се најзагрозена и најнебезбедна група учесници во сообраќајот, ако се земе предвид колкав дел од сообраќајот им припаѓа на нив и колкаво е нивното учество во вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Од РСБСП наведуваат дека во просек, годишно во земјава, околу 15 мотоциклисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

– Мотоциклистите се ранлива категорија учесници во сообраќајот, директно изложена на опасностите што постојано демнат во сообраќајот и кај која ризикот за здобивање со смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода е исклучително висок, потенцираа од Советот.

РСБСП на почеток на сезоната за мотоциклисти, апелира до мотоциклистите да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината, да користат кациги и останата заштитна опрема за пасивна безбедност.

– Останатите учесници во сообраќајот да внимаваат на мотоциклистите и да ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот, напоменуваат од Советот.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска