РСБСП: Да не се користи ситуацијата со коронавирусот за дивеење по улиците

Од:

Голем број сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица бележи статистиката деновиве, иако е намален интензитетот и на моторизираниот и на немоторизираниот сообраќај поради мерките за заштита од корона вирусот, информира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) и апелира на одговорно учество во сообраќајот.

Според РСБСП, да се користи ситуацијата за да се беснее по улиците, да се користат полупразните булевари за достигнување максимални брзини и да се организираат трки е надвор од сите хумани и цивилизациски вредности.

-Го осудуваме секое девијантно и неодговорно однесување во сообраќајот и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено правилата за ограничување на брзината. Во ситуација кога СЗО прогласи пандемија, во ситуација во која секојдневно на светско ниво стигаат информации за нови заразени и починати лица поради таканаречениот корона вирус, во ситуација кога капацитетите на МВР и на здравствените институции се максимално мобилизирани да се спречи ширење на вирусот, во ситуација кога пред сите надлежни институции, и пред сите нас како граѓани е исправен еден сериозен предизвик за спречување на ширењето на корона вирусот и минимизирање на последиците од него, нагласува РСБСП.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата потсетува дека во изминатите 48 часа, две млади лица на мотоцикл го загубија животот во Кавадарци, повреден е мотоциклист во Скопје (Козле), превртена е цистерна на автопатот Штип-Свети Николе, автомобил е превртен на кров во Скопје (Аеродром),… Да бидат парадоксот и бесмислата уште поголеми, одредени медиуми пишуваат за организација на ноќни трки во Тетово.

-Со дисциплинирано и одговорно учество во сообраќајот, најпрво ќе си помогнете на самите себе, ќе го заштитите сопствениот живот и сопственото здравје, а потоа и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот. Бидете свесни и совесни и како граѓани и како учесници во сообраќајот. Со одговорното однесување во сообраќајот ќе си помогнете на себе, на другите, но ќе помогнете и на МВР и на здравствените институции за полесно справување со корона вирусот, нагласуваат од РСБСП.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

ВИДЕО: МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

Ана Ололовска

РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

Ана Ололовска

РСБСП: На матурска прослава без автомобил

Ана Ололовска