РОЖМ „Даја“ преку едукација ќе ја елиминира дискриминација меѓу учениците

Од:

РОЖМ „Даја“ од Куманово преку различни активности ќе ја подига свеста кај родителите и кај децата за да се надмине дискриминацијата во однос на ромските деца во основното образование. Проектот ќе го спроведува оваа организација со поддршка на Националниот Ромски Центар и Паблик, наредните шест месеци.

Во рамки на проектот, информираше Дилбера Камберовска од РОЖМ „Даја“ ќе се организира дебата на која ќе учествуваат надлежните од пет училишта во Куманово, советите на родителите и државните и подрачни институции од сферата на образованието. –

– Ќе дискутираме за да ја подигнеме свеста кај родителите да ги подготвуваат своите деца кога ќе тргнат во прво одделение да бидат подготвени да се соочат со различностите на другите деца, да бидат прифатени едни со други, да не се дискриминираат меѓусебно. Затоа сакаме со овој проект повеќе да дискутираме, институциите да бидат информирани, ромските ученици да не бидат дискриминирани, туку да бидат прифатени, изјави Камберовска.

Во рамките на проектот, предвидено е и организирање работилници и низ игра најмладите да бидат подготвени за почетокот на учебната година, преку заеднички дружби на деца од различни етнички заедници. Проектот ќе се спроведува наредните шест месеци.

„Даја“ е вклучена и во проектот „Надвор од кругот – невидливи во општеството“, кој ќе трае до крајот на годинава.

– Цел на овој проект е да се зголеми свеста кај граѓаните од општина Куманово за неоходноста од лична документација. Познато е дека во Куманово има Роми кои што немаат лична документација и тоа е еден од најголемите проблеми во општеството.

Имаме лица фантоми што не припаѓаат никаде, изјави Камберовска.Преку проектот ќе се идентификуваат овие лица, ќе им се помогне да обезбедат лична документација. Камберовска, потсети дека Министерството за труд и социјална политика системски ќе го решава овој проблем.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска