Рот изрази поддршка за Македонија, повика ЕУ „да ги исполни обврските“ кон Скопје и Тирана

Од:

Германскиот министер за Европа Михаил Рот денеска за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, објави на Твитер дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

– Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакуум таму. Благодарам, твитна Рот.

Претходно, пред одржувањето на министерскиот Совет, Рот ја повтори германската позиција дека билатералните прашања не смеат да го попречуваат процесот на проширување.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Брисел, министрите за европски работи на ЕУ дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти.

Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна Македонија и бугарската блокада. Според присутните, најнастојчива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со земјава. На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата ЕУ и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

Рот: Пратениците побрзо да гласаат за уставни промени, луѓето се нетрпеливи

Ковачевски-Рот: Уставните измени ќе ја обезбедат европската иднина на Северна Македонија

Горан Наумовски

Рот: Не е време за меѓусебни уцени, ЕУ има јасни очекувања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on