А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Рот: Бугарија го држи во заложништво проширувањето на ЕУ

by А1он14/12/2020 - 10:04478
Share0

Софија не може да го држи во заложништво проширувањето на Европската унија, порачува германскиот министер за Европа Михаел Рот во авторски текст за весникот „Велт“. Рот очекува поддршка од новата американска администрација за придвижување на Западен Балкан кон Европската унија.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Албанија и Северна Македонија, на својот пат кон ЕУ постигнаа многу, исполнија амбициозна реформска агенда и не дозволија да бидат сопрени од разни пречки. Со решавањето на спорот за името со Грција, Северна Македонија испиша историја во вистинската смисла на зборот. Оттука зеленото светло за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија беше вистинскиот и потребниот чекор. Сега мора во најкус рок да се одржат Меѓувладините конференции со двете земји, откако ќе се исполнат условите. Германија силно се заложи за тоа во рамките на своето претседавање со ЕУ, пишува Рот.

Тој порачува дека „ЕУ мора да си го исполни ветеното и да испорача“, но и дека Бугарија не може да ги наметнува своите билатерални барања на европско ниво.

-Пристапниот процес не смее да се одложува во недоглед затоа што една единствена ЕУ членка од него прави заложник на сопствените билатерални барања, пишува Рот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Германскиот министер оценува дека итно се потребни позитивни сигнали за Западниот Балкан, и додава „на коцка е ништо помалку од кредибилитетот на ЕУ.”

-Блиското поврзување со Западниот Балкан е во наш најголем стратешки интерес. Во спротивно, ќе настапат други актери кои немаат многу заедничко со нашите вредности. Не смееме тоа да го дозволиме во еден свет во кој сме во конкуренција со авторитарни сили, наведува тој.

Рот опоменува дека доколку ЕУ не успее да си ги исполни ветувањата на Западниот Балкан, тогаш не може да се профилира ниту како глобален играч. Во таа насока, тој очекува поддршка и од новата американска администрација.

-И новата американска влада ќе очекува од нас да преземеме поголема одговорност во нашето соседство. Изборот на Џо Бајден за претседател на САД нуди шанса, повторно заеднички и одлучно да работиме за слобода, помирување и демократија на Западниот Балкан, пишува Михаел Рот во авторскиот текст за „Велт“.

dogvor bugarijaeumihael rot

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он20/09/2026 - 19:2720/09/2026 - 21:38

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски10/09/2026 - 08:2610/09/2026 - 09:04

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Горан Наумовски10/09/2026 - 06:54

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:21

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:5705/09/2026 - 18:36

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео