Ромите со Декларација за стратешките цели и интереси во Република Македонија

Од:

„Постигнување мултикултурно, праведно и рамноправно општество на еднакви граѓани и еднакви заедници во согласност со Уставот на Република Македонија, регионално поврзување и интеграција, промовирање и застапување на политичкиот модел за интеграција на Ромите во Република Македонија како пример за регионот во контекст на исполнување на обврските и стандардите на патот кон ЕУ и поголема соработка и одговорност во спроведување на заедничките обврски и активности при исполнување на европските стандарди и интеграцијата на Ромите во Република Македонија“, се стратешките цели и интереси на Ромите во Македонија, кои денес беа презентирани од страна на Иницијативата за единство и заложба на Ромите.

„За прв пат Ромите седнаа на иста маса и заеднички, усвоија Декларација за стратешките цели и интереси во Република Македонија. Денес е историски ден за Ромите, кулминација на процес во кој, за неполн месец, разговараа активните чинители Роми и ги дефинираа заедничките приоритети. По нејзиното донесување, ќе се залагаме за нејзино остварување“, рече Акиф Кариман во име на Иницијативата за единство и заложба на Ромите.

Иницијативата за единство и заложба на Ромите ја предводат три граѓански организации „Ромаверзитас“, „Ромалитико“ и „Романоавази“. Претходно, политичари, претставници на граѓанскиот сектор, бизнисмени, лингвисти, историчари, студенти и алумни, вработени во јавната администрација и ромската заедница и ромски медиуми, разговараа за своите интереси и приоритети.

„Не е идеално сé додека не сме единствени во остварувањето на поставените цели кои што ги дискутираме. Контекстот е динамичен и променлив, додека јавно поставените цели се откриени позиции во даден временски интервал на вклучените страни кои што може да влијаат и да го менуваат контекстот во кој што делуваме“, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска