Рок групата „Тенеси“ добитник на наградата за животно дело на општина Кочани

Од:

Рок групата „Тенеси“ е добитник на наградата за животно дело во 2018 година, а компанијата „Антура МК“ го доби признанието за значајни остварувања во развојот на општина Кочани во изминатиот едногодишен период.

Со појавата во почетокот на 60-те години од минатиот век, музичарите од „Тенеси“ се сметаат за пионери и основоположници на рок музиката во Кочани и пошироко кои оставиле белег во развој на културата. Компанијата „Антура МК“ пак, за краток период од отворањето прерасна во еден од најзначајните стопански капацитети во регионот во кој постојано се инвестира и во моментот се вработени на 500 лица.

Одлуките и образложенијата беа донесени на денешната седница на Одборот за доделување награди и признанија на Општина Кочани, на која се сумираа предлозите што пристигнале по јавниот повик за наградување на поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и граѓански здруженија кои постигнале забележителни резултати.

– На повикот што го објавивме пред еден месец пристигнаа само четири пријави, од кои три за признанието за значајни остварувања во развојот, а само една за наградата за животно дело. Одборот оцени дека одзивот е недоволен, но сепак гласаше по предлозите, со заклучок дека во општината има многу заслужни поединци, здруженија или компании кои би можеле да се најдат на листата, поради што упатуваме апел до граѓаните во иднина навремено да ги доставуваат предлозите, истакна Емилија Серафимова, претседателка на Одборот за доделување награди и признанија.

Со одлука на Советот на општина Кочани од годинава се укина паричниот дел на наградите и признанијата и тие се доделуваат во вид на плакети. Врачувањето ќе биде на свечена седница на 12 јули, по повод празникот на градот – Петровден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат