А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Рој ќе гради споменик на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“

by А1он25/01/2013 - 16:31216
Share0

Со симболично поставување плоча на плоштадот „Македонија“, попладнево беше означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.

Добивај вести на вибер

Споменикот ќе биде подарок од нејзината втора татковина – Индија, донација на компанијата „Сахара Индија“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој од вчера е во посета на Македонија.

Статуата ќе биде подигната во спомен и чест на делото на скопската хуманистка и нобеловка за мир Мајка Тереза, која својата мисија за помош на сиромашните и болните ја извршуваше во Индија.

Не беа соопштени детали за изгледот и големината на споменикот, ниту кога ќе почне изградбата, но дека ќе биде монументално дело што ќе сведочи за нејзината пожртвуваност.
Субрата Рој и премиерот Никола Груевски во говорите истакнаа дека Мајка Тереза е инспирација и врска на двата пријателски народа.

Она што ние и сите останати луѓе во светот можеме да го направиме за неа е сосема малку и сосема незначајно во споредба со она што таа го направи за нас и за сите следни генерации во светот. На нас, на сите нас останува аманетот, потребата и желбата да ја ширимие нејзината мисла, да го чуваме нејзиниот спомен, да ги практикуваме нејзините желби и учења и да го продолжиме нејзиниот пат. Тоа е најмалку што можеме да направиме, истакна премиерот Груевски.

Во своето обраќање индискиот бизнисмен неколкупати истакна дека е среќен што во нејзиниот роден град ќе подари споменик за хуманистката која лично ја познавал и се восхитувал на нејзината едноставност и грижата за најсиромашните, болните и отфрлените.

investiciiskopje 2014

Би можело да ве интересира

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Горан Наумовски06/09/2024 - 09:04

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ03/09/2024 - 18:3703/09/2024 - 18:44

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on27/12/2023 - 14:2827/12/2023 - 14:36

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

Предраг Петровиќ02/07/2023 - 12:15

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ02/07/2023 - 10:3802/07/2023 - 10:39

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ01/07/2023 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен