Во преполна судница, започна повтореното судење за предметот „Монструм“.
СЈО остана на обвинението кое го поднесе Обвинителството за организиран криминал и корупција за тероризам. Обвинителката Фатиме Фетаи го читаше обвинението, но рече дека ќе поднесат нови докази и ќе бараат измени на обвинението од фактичка и персонална природа.
Додека Фетаи го читаше старото обвинение, роднините на убиените момчиња со солзи во очите ја слушаа обвинителката.
Во судот се присутни сите обвинети, освен Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство. Почна распитот на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ.
Васко Маглешов