ВИДЕО: Роднини на патниците во автобусот тврдат дека немаат никакви информации ниту од МНР, ниту од Амбасадата

Од:

Беким Алити, сопруг на една од патничките во автобусот што имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, вели дека се уште нема никакви информации ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Амбасадата дали неговата сопруга е жива.

Тој додава дека го видел списокот со имињата на патниците во автобусот, што го објавија некои медиуми меѓутоа како што рече, не знае кои се живи, а кои не.

„Малку информации имаме. Тие биле во автобусот. Телефонот ѕвонеше трипати околу седум часот, кај една од нашите жени. Од тогаш, немаме никаква информација. Две сестри од фамилијата беа во автобусот“, велат роднини на патниците.

„Јас со жена ми, вчера пишувавме, па немам никаков контакт. Го прашав шоферот кога ќе стигнат во Македонија за да излезам да ги пречекам. Почнав да бидам загрижен. Едната беше достапна на телефонот, другата жена не беше. Но, и жената која беше достапна не одговараше. И што се случило, не знаеме“, рече роднина.

„Нема транспарентност. Душата ја дава Господ и ја зема Господ. Ние не сме против тоа. Не е работата само да се профитира. Некој треба да излезе овде и да даде информации. Но овде, вака функционира“, додава еден од роднините на патниците.

„Јас се јавив во болницата во Бугарија, но тие не ни дадоа никаква вест. Седум души се во бугарската болница, но не даваат информации“.

„Ние информациите ги добивме од пријатели. Амбасадата не потврдува ништо. Другари и пријатели ни дадоа информации. Ни кажаа дека биле во автобусот, но за натаму, не знаеме ништо. Ни потврдија дека нашите жени биле во автобусот. Но, го промениле автобусот. Кога отишле за Турција биле во еден автобус, потоа, се префрлиле во друг автобус“, изјавуваат роднините.

Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Разочаран сум што власта донесувањето на телата на 45 починати во несреќата во Бугарија ја проследија како некаков спектакл

А1он

ВИДЕО: Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на настраданите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Семејствата во шок, со највисоки почести се оддава последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Кристијан Ландов

На „Скендербег“ поставени венци за оддавање почит на жртвите во автобуската несреќа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

Ана Ололовска