Роднини на обвинетите за Монструм даваат искази пред судот

Од:

Роднини на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро денеска даваат искази во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Денешното судско рочиште се одвиваше без присуство на првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои сè уште ја чекаат екстрадицијата во Косово.

Братот на обвинетиот Фејзи Азири, Фекри Азири пред судот раскажуваше дека на денот на убиството, 12 април 2012 година во 6 часот утрото заедно со неговите браќа Фејзи и Јусуфи заминале на фармата во Белимбегово, каде одгледувале овци.

Во текот на денот Фејзи заминал од фармата и околу 18 часот се вратил во фармата и таму биле до 21 часот. Сведокот заедно со другиот брат си заминале околу 21 часот, додека Фејзи се подготвувал да си оди, заминал сам, но сведокот не знаеше да каже каде точно.

Фекри Азири му е вујко на првообвинетиот Алил Демири и чичко на обвинетиот Хаки Азири. Другите обвинети, Африм и Алил Исмаиловиќ и Рами Сејди рече дека не ги познава. Но по неколкучасовно испрашување, на прашање на судијата, Фекри рече дека го знае чичкото на Рами Сејди, а Сејди го знаел од телевизијата.

Фекри рече дека фармата ја поседувале три до четири години. Фармата имала седум објекти, три од нив купил Фејзи, додека останатите четири биле фирма за правење церади, која што ја поседувал извесен Екрем.

На 12-ти април 2012 година без причина беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски